Српскиот премиер Ивица Дачиќ порача дека нема да оди во Брисел на преговори со косовските власти ако споменикот на Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓа и Бујановац не биде отстранет од Прешево.
Краен рок за отстранување на споменикот во Прешево е 17-ти јануари.
„Споменикот ќе го тргнат самите Албанци, а доколку тие не можат или не сакаат, тогаш тоа ќе го направи владата. Нема да одам во Брисел додека споменикот не биде тргнат”, рече премиерот Ивица Дачиќ за „Блиц”.