Заев-Солберг: Поддршка за интеграциите на Македонија

Од:

Премиерот Зоран Заев во рамки на активностите за време на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, вчера се сретна со норвешката колешка Ерна Солберг, која ги поздрави реформските чекори на новата Влада во Македонија, соопшти денеска владината прес-служба.

– Норвешка ја поддржува Македонија во интеграциите, истакнала премиерката Солберг, која во демократските чекори на Владата и регионалната соработка гледа перспективи за Република Македонија.

Според соопштението, премиерката на Норвешка, Солберг, посебно се интересирала за реформите што се прават за обезбедувањето правна држава.

– Владата на Република Македонија, во соработка со експертската и граѓанската јавност почна реформи во правосудниот систем што треба да придонесат кон независно судство. Тоа е обврска за евро-атланстките интеграции, но ќе придонесе многу и во нашата држава, во враќање на довербата кај граѓаните дека правдата е можна и е достапна на сите, и ние сме подготвени тоа да го овозможиме, рекол премиерот Заев.

Потенцирал дека реформите во правосудството се една од активностите од Планот на Владата за усогласување со европските стандарди и обезбедување квалитетен живот за граѓаните. Заев рекол дека Македонија од земја во изолација стана предводник на иницијативите за добрососедска, регионална и меѓународна соработка и очекувањата се дека таквите политики ќе ги отворат вратите на Република Македонија кон стратешките цели, НАТО и ЕУ.

Норвешката премиерка ги оценила како важни заложбите на Македонија за продлабочување на односите меѓу земјите во регионот.

– Норвешка е заинтересирана за случувањата на Балканот и е подготвена да придонесе кон стабилен регион, рекла премиерката Солберг, која во раководствата на Балканот гледа можност да осигураат таква иднина.
На средбата на Заев и Слоберг се разговарало и за создадените услови за интензивирање на соработката со Кралството Норвешка во области од интерес на граѓаните на двете држави.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски