СДСМ: Укината радиодифузната такса, зголемена минималната плата, обезбеден надоместок за стечајците

Од:

„Повеќе пари за граѓаните, укината е радиодифузната такса, зголемена е минималната плата, обезбеден е надомест за стечајните работници

За само стотина дена Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство докажаа дека може да се работи чесно, одговорно и во интерес на граѓаните, наместо криминално, расипнички и во интерес на поединци, како што тоа беше за време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Преку одговорното, отчетно и домаќинско работење и преку кратењето на непродуктивните трошоци и трошоците за луксуз се спроведоа низа на мерки со кои се решаваат долгогодишни проблеми на граѓаните.

Веќе од следниот месец, минималната плата ќе изнесува 12.000 денари и таа ќе важи и за вработените во текстилната, кожарската и индустријата за обувки и веќе нема да бидат дискриминирани и да добиваат пониска плата од вработените во останатите индустрии како што беше досега.

Трајно се реши и долгогодишниот проблем со стечајните работници. Околу 3000 лица од оваа категорија ќе добиваат месечен надомест од 7596 денари со што им се обезбедува материјална поддршка и се исправа децениската неправда што им беше нанесена. Се укина и радиодифузната такса и таа веќе нема да биде товар за граѓаните и фирмите.

И покрај бројните опструкции од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ и парламентарното мнозинство докажуваат дека зборот е збор и дека сите зацртани рефоми се спроведуваат во интерес на граѓаните. Наместо за лускуз, сомнителни тендери и провизии за Никола Груевски, парите на граѓаните денес се користат за повисоки плати и пензии, поддршка за стечајците и за побогати семејни буџети.

Освен на централно, таквиот принцип на одговорно и домаќинско работење ќе продолжи и на локално ниво, кога на локалните избори граѓаните ќе ја изберат чесната понуда на СДСМ и коалицијата и ќе стават крај на деструктивното, расипничко и криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Поскапува парното, со арамијата Мицкоски животот на граѓаните е претворен во преживување

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поповиќ: Под притисок на власта Уставен суд го укина колективниот договор – преседан против 2.000 работници во култура

СДСМ бара Гаши веднаш да свика итна седница за насилствата врз жените

Горан Наумовски

СДСМ: Како буџетот е предизвик за Мицкоски кога сме трета економија во Европа?

Директорката на „Алта груп“ која е во притвор во Белград има фирма во Скопје, објави СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се кратат парите за спортот, со Борко Ристовски македонскиот спорт оди кон пропаст