Како увертира во новата сезона од регионалната кошаркарска АБА лига, од денес до 23 септември во Бар, Црна Гора, премиерно ќе се одржи Суперкупот.
Осум екипи определени врз основа на пласманот од минатата сезона, со исклучок на шампионот Црвена ѕвезда која му го препушти местото на ФМП, ќе учествуваат на турнирот кој се игра по систем елиминација.
Двојките за денес се:
ФМП – Цедевита (почеток 14:30 часот)
Мега – Игокеа (16:45 ч.)
Будуќност – Цибона (19:00 ч.)
Партизан – Морнар (21:15 ч.).
Полуфиналето на распоредот е в петок. Не е предвидено да има дуели за трето, петто и седмо место, но поразените екипи ќе играат меѓусебно пријателски натпревари.