Изложба „Урбани документи: пејзаж-град-предел“ во Мала станица

Од:

Во рамки на манифестацијата Европски денови на културното наследство (15-22 септември), Националната галерија на Македонија (НГМ) организира тематска изложба насловена „Урбани документи: пејзаж-град-предел“ која ќе биде отворена денеска напладне во галеријата Мала станица.

Европските денови на културно наследство ги одбележуваат триесетина земји, годинава под заедничка тема „Природата и културното наследство“, а во рамките на општата тема, планирано е активностите во Република Македонија да се фокусираат на темата „Водата – дар од природата“.

НГМ соопшти дека изборот на дела на тема урбан предел од нејзината богата колекција содржи слики на познати и афирмирани автори, меѓу кои Михајло Шојлев, Димитар Аврамовски Пандилов, Лазар Личеноски, Борко Лазески, Предраг Милосављевиќ Пеџа, Милан Коњовиќ, Мича Поповиќ…

– Голем дел од нив ќе бидат презентирани првпат пред јавноста на оваа изложба. Сите тие имаат посебен карактеристичен урбан лик, интересни за ликовната публика, како од аспект на ликовни дела, така и од аспект на историски и документарен карактер, како сведоци на едно минато време. Некои дела се со веќе препознатливи мотиви, на пример некој детаљ од Скопје, но и дела инспирирани од Тетово, Кратово, Париз, Венеција, Загреб, Белград, Задар итн, соопшти НГМ за изложбата која вклучува и едукативни работилници.

Целта на манифестацијата е подигнување на свеста кај пошироката јавност за заедничкото европско наследство. Одбележувањето почна во септември 1991 година на иницијатива на Советот на Европа и со поддршка на Европската унија. Република Македонија се приклучи кон одбележувањето во 1996 година.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски