Без струја утре повеќе делови на Скопје

Од:

Без електрична енергија утре од 08:55 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од населените места Летевци, Брезница, Катланово, Градманци, Ржаничино и Катлановска Бања, во општина Петровец.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без струја од 08:30 до 12:00 часот, ќе бидат и корисниците од село Батинци, улици „1“, „6“ и „7“, во општина Студеничани.

Од 08:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат булевар „АСНОМ“ број 40 и објектите во непосредна близина, во општина Аеродром.

Без струја од 13:00 до 15:00 часот, ќе бидат населените места Наово, Мралински Мост, дел од Јурумлери, Млекара „Битола“ и останати корисници во близина на Млекарата, во општина Петровец.

Од 10:55 до 13:00 часот, без напон ќе бидат дел од населбата „Петровец“, во близина на ТС 110/10 кв.кв, во општина Петровец.

Без електрична енергија од 07:45 до 08:15 часот и од 11:30 до 12:00 ќе останат дел од бунарите кај Лепенец, делови од улицата „Скупи 12“, дел од улица „Скупи 14“, од „Скупи 20“, дел од улица „Скупи 22“, во општина Карпош.

Од 08:30 до 15:00 часот, без струја ќе бидат делови од улиците „Иван Козаров“ и „Божидар Аџија“, во општина Кисела Вода.

Без електрична енергија од 12:00 до 15:00 часот, ќе бидат дел од село Мирковци, Горњани и манастир „Св. Илија“, селата Бањани, Чучер и Сандево, во општина Чучер Сандево.

Од 09:00 до 12:00 часот, без напон ќе видат Агино Село и селата и населени местаТанушевци, Чардак, Горно Оризари, Кучевиште, Малино, Мирковци, Оризари, Побожје, Сандево, Бањани, Бразда, Брест, Бродец, Глуво и Горњани, во општина Чучер Сандево.

Би можело да ве интересира

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско