Реформаторите почнаа да ги објавуваат партиските насилници на „Ѕид на срамот“

Од:

Внатрепартиската иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ ја започна својата акција наречена „Ѕид на срамот“ со која сите функционери кои се однесуваат насилно, агресивно и ги малтретираат членовите на партијата, јавно ќе ги објават со цел јавноста да биде запознаена со ваквите постапки од поддржувачите на Никола Груевски.

Повод за оваа акција е притисокот и заканите кои ги трпат и се прават врз активистите на Внатрепартиската иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се откажат од процесот на демократизација и реформи во партијата. Претседателот на ОК Бутел и актуелен кандидат за градоначалник, Дарко Костовски заедно со директорот на ЈП Водовод и Канализација, Александар Атанасов во целиов период до сега, а особено последниве денови, користат методи на закана со физичко и вербално насилство врз членовите на партијата, доколку активно не се вклучат во поддршка на кампања за избор на градоначалник во Бутел. Заканите одат до таму што веќе се прават списоци на членови на ВМРО-ДПМНЕ, вработени во ЈП Водовод и Канализација Скопје, кои ќе бидат прераспределени на пониски позиции во претпријатието или избркани од работа, а се активисти на нашата иницијатива.

– Праксата за притисок и закани кон нашите активисти за поддршка на кандидатите во претстојната кампања, а кои беа кандидирани на нелегитимен начин, без никаква одлука на партиските органи, нема да биде дел од новите методи на реформираното ВМРО ДПМНЕ и јавно го осудуваме овој начин на делување на Дарко Костовски и Александар Атанасов. Тие треба да се грижат за граѓаните и да работат во нивен интерес, а не да се закануваат на членовите и со закани да бараат поддршка. Господинот Атанасов треба да биде загрижен за состојбата во ЈП Водовод и Канализација Скопје, а господин Костовски за изгубената подршка на неговата кандидатура за градоначалник од страна на комплетниот состав на сите МК во ОК Бутел, а не да водат кампања со линч врз граѓаните. Потсетуваме дека согласно законската регулатива, овој начин на политичко дејствување во изборна кампања претставува кривично дело. На ѕидот на срамот ќе бидат објавени сите имиња на сите функционери кои ќе продолжат да користат насилство и закани за поддршка. Денес ги објавуваме првите имиња и континуирано ќе ги објавуваме имињата на сите оние кои ќе се дрзнат да работаат спротивно на идеалите на ВМРО ДПМНЕ. Мораме да работиме слобода и демократија да има во сите институции, политички партии и во јавноста, на тоа не задолжуваат генерациите кои жртвуваа многу за да ние денес уживаме во неа. Да не дозволиме Македонија да се претвори во лична своина и диктатура на поединци, соопштуваат од внатрепартиската иницијативата за реформи во ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Најостро ја осудуваме навредата на СДС дека народот и граѓаните се „будали”

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се виновни за раздвојувањето на Албанија од Македонија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија