Двајца Чеси заразени од грип А се во сериозна здравствена состојба

Од:

Во Универзитетската болница во Прага последните неколку дена се хоспитализирани маж и жена заразени од вирус на грип од типот А (Х1Н1) и нивната сосојба е екстремно критична, информираше портпаролката на болницата, Петра Пекарова.

Како што јави дописникот на МИА од чешкиот главен град, 38-годишната жена и една година постариот маж се приклучени на апарати за дишење, а спаѓаат во ризична група на пациенти поради кардиоваскуларни проблеми.

– Не е тоа ништо невообичаено. Овој тип на болест се однесува пред се на хронични болни кои имаат ризични фактори. Обичното население не треба да се плаши од грипот, додаде Пекарова.

Според информациите од Националната лабораторија за грип, во Чешка и во Европа епидемијата на грип не е во големи размери, иако бројот на заразени во последната недела се зголемил, а кај дел од пациентите причинител бил вирусот А(Х1Н1).

Овој вирус првпат се појави во април 2009 година во Мексико и според Светската здравствена организација од него во целиот свет починале над 18.000 луѓе.

Во Чешка првиот случај беше откриен на крајот на мај истата година и досега во земјата починаа над 100 луѓе. Вирусот се шири преку воздухот и ги напаѓа дишните патишта на човекот. Се пренесува и од животно на човек и меѓу луѓето. Болеста се појавува како настинка, со температура и кашлица, болки во главата и вратот. Како честа компликација се јавува пневмонија. Болеста е многу заразна во првите три до седум дена од почетокот на првите симптоми.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица