Заврши долгогодишната голгота, изгласан Законот за стечајците

Од:

Долгодишното барање на стечајците, конечно доби собраниска виза. Од галеријата тие ги слушаа дискусиите и гласањето за Законот.

Со законот, за кој гласаше и опозицијата, материјално се обезбедуваат невработените лица кои останаа без работа поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата. Со ова се овозможува околу 3.000 лица да добиваат месечен надомест од по 8.356 денари, односно 34 проценти од просечно исплатената месечна нето плата минатата година. Годишно за таа намена од Буџетот на АВРМ ќе бидат обезбедени 300.816.000 денари.

Невработените лица опфатени со законот треба да имаат најмалку 15 години стаж во претпријатија со доминантна сопственост на државата, а таму работниот однос да им престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, заклучно со 30 јуни годинава.

На денот на стапување во сила на законот да се возраст од најмалку 52 години, за жени, односно 55 години за мажи.
Лицата треба да имаат остварено право на паричен надомест по 1 јануари 1995 година, а по остварувањето на правото на паричен надомест да не биле вработени на неопределено време, односно работниот однос да не им престанал по нивна волја и вина.

Законот беше донесен едногласно со 82 гласа „за“. Пратениците од парламентарното мнозинство во расправата истакнаа дека не станува збор за популизам, туку за исправање на една неправда нанесена врз една категорија на граѓани.

Опозицијата го поддржа законот, но посочи дека во него има недоследности и со него повторно дел од стечајците нема да бидат опфатени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште