Спасовски и Јанкуловски потпишаа Меморандум за соработка меѓу МВР и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски денеска потпишаа Меморандум за соработка меѓу двете институции за взаемно користење на експертски услуги, простор и опрема, соопшти МВР.

Преку потпишувањето на овој Меморандум за соработка се овозможува и поактивна практична настава, што е особено важно за студентите од Институтот за безбедност, одбрана и мир, за нивно стекнување на поголеми вештини и знаења во текот на студиите.

Министерот Спасовски денеска присуствуваше и на првиот академски час на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет во Скопје.

Во своето обраќање пред студентите, Спасовски посочил дека тие отвараат ново поглавје во нивните животи и им посакал годините што се пред нив да ги искористат што подобро и поквалитетно, особено вооружувајќи се со знаење и стручност кои ќе им користат лично и професионално, но ќе бидат и корисни за општеството.

– Министерството за внатрешни работи било и ќе биде тука, отворено за соработка не само во делот на имплементација на современи научни сознанија и искуства од областа на безбедноста, но и во делот на практичното ангажирање на млади образовани кадри за потребите на институцијата. Досегашниот дисконтинуитет особено во делот на неискористувањето на потенцијалите на млади образовани луѓе, пред се на оние најдобрите, не е никому од полза, ниту вам ниту на МВР ниту на општеството генерално земено. Оттаму сакам да ве уверам дека се сериозни нашите намери, преку организационо и структурно реформирање на министерството, да влеземе во еден нов процес на вклучување, конкретно и практично, на оние најдобрите млади кадри во системот на работа на Министерството за внатрешни работи, истакнал Спасовски.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он