Фалон: Велика Британија го поддржува територијалниот интегритет на Ирак

Од:

Британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон денеска ќе се обиде да го убеди претседателот на Ирачки Курдистан, Марсуд Барзани да се откаже од референдумот за независност.

– Попладне ќе отпатувам за Ербил за да му кажам на Масуд Барзани дека не го поддржуваме курдскиот референдум. Ние го поддржуваме територијалниот интегритет на Ирак и работиме со Обединети нации за изнаоѓање на алтернативи за референдумот, изјави Фалон во Багдад.

Курдите во Ирак на 25 септември ќе гласаат за независност на северноирачкиот регион, што е автономен од 1991 година, но властите во Багдад се против референдумот.

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади денеска официјално побара од Ирачки Курдистан да го стопира организирањето на референдумот за независност.

Во меѓувреме, ирачкиот Врховниот суд нареди стопирање на организирањето на референдумот се додека не се разгледаат добиените жалби, во кои се тврди дека плебисцитот е противуставен.

Според неименуван извор најмалку осум пратеници – шиити и Туркмени поднеле жалба против референдумот.

Само Израел наведе дека ја поддржува незвисноста на Ирачки Курдистан, додека соседите на Ирак, САД и други држави апелираат да се надминат несогласувањата помеѓу Ербил и Багдад.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Три жени ранети во престрелка во Англија