Фолклористи од Европа во посета на Музејот „Теракота“ во Виница

Од:

Членови на фолклорните ансамбли од Португалија, Укарина, Турција, Романија, Хрвтска, Црна Гора и Бугарија, учесници на годинешното 32-ро издание на мегународниот фолклорен фестивал „Истибањско здравоживо“ денеска го посетија Музејот „Теракота“ во Виница. Посетата се реализира и во рамките на одбележувањето на Европските денови на културното наследство.

– При посетата на Музејот „Теракота“ гостите од повеќе земји од Европа ги разгледаа витрините и изложените експонати пронајдени за време на децениските иструвања на археолошките локалитети во виничкиот крај, особено на Виничкото Кале. Посебен интерес пројавија за уникатните винички теракотни икони кои по својата уметничка и археолошка вредност се познати во целиот свет,изјави Јулијана Иванова, директор на Музејот „Теракота“ од Виница.

Во рамките на Европските денови на културното наследство Музејот го посетија и ученици од виничките основни и средни училишта кои присуствуваа на предавањето на тема „Водоснабдувањето на Виничкото Кале во Античкиот период“,а се интерсираа и за последните наоди на Калето.

Учесниците на МФФ „Истибањско здравоживо“ го посетија и Виничкото Кале каде што се запознаа со остатаоците на археолошкиот локалитет на кој беа пронајдени и познатите тератотни икони.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за маж од Виница кој со камења на познаник му го скрши черепот и е во кома

Горан Наумовски

Обвинителството денес започна истрага за опожарената фабрика во Виница

Фабриката „Винчини“ ќе ја обновиме и тоа пак во Виница, но потребно ни е време за тоа, велат од „Макпрогрес“

Обвинителство не може да почне со увид, пожарот во „Макпрогрес“ не е целосно изгаснат

Во Болницата во Кочани задржани се четворица пожарникари со полесни изгореници, осуммина се на Токсикологија во Скопје

18 повредени во пожарот во Макпрогрес-Винчини во Виница

Катерина Ѓуровски