Машката ракометна репрезентација на Македонија која се наоѓа на подотовки во Пореч, вечерва во првиот од трите контролни натпревари пред настапот на Светското првенство, ја победи репрезентацијата на Саудиска Арабија со 28:21.
Резултатот на полувреме беше 15:9, а во македонскиот состав можност за настап добија сите повикани ракометари.
На голот на Македонија не беше првиот голман Борко Ристовски кој поради клупски обврски на репрезентацијата треба да и се приклучи по новогодишните празници.
Македонските репрезентативци во Скопје се враќаат на 30 декември, а првиот дуел на Светскиот шампионат во Шпанија ќе го имаат на 12 јануари против Чиле.