СДСМ: Со економскиот план на Владата се задржуваат висообразовните кадри

Од:

„Преку планот за економски раст Владата предводена од СДСМ обезбедува услови за развивање на стабилна бизнис клима што ќе ја позиционира земјата како крајна стабилна дестинација за издржани и сигурни инвестиции.

Се работи на подобрување на инвестициската слика за Македонија од земја која што ги нудеше своите работници како евтина работна сила, во земја што нуди државна поддршка и услови за отворање на нови доброплатени работни места, правна сигурност, поврзување со европските пазари и стандарди и реализација на капитални инвестиции за развој на патната, железничката и енергетската инфраструктура.

Планот за економски раст за новосоздадени работни места предвидува финансиска поддршка од покривање на 10% од исплатена плата којашто е за 50% повисока од минимало утврдената.

Мерките предвидуваат и дополнителни 2% финансиска поддршка за секоја 10% повисока плата, до максимални 16%.

Воедно, државата ќе стимулира отворање на високоплатени работни места со финансиска поддршка од покривање на 20% за исплатени плати кои се двојно повисоки од просечната плата.
За разлика од претходно кога владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ апсурдно трошеше 12 милиони евра за реклами во домашните медиуми за наводно привлекување на странски инвестиции или 31 милион евра за реклами во странство, сега парите се насочуваат во вистински цели, за поддршка на нови инвестиции и за нови подобро платени работни места.

Владата предводена од СДСМ создава услови младите високообразовани кадри да останат да живеат и работат во Македонија и шанса и реални услови за оние кои заминале да се вратат во својата земја.

Планот за економски раст ја отвора спиралата на пораст на платите и развој на фирмите, а крајниот ефект ќе го почувствуваат граѓаните преку квалитетен животен стандард!“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стоилковски: Директорите да кажат колку операции и зафати се откажани, одбиени, препратени од Хирургија во овие 15 дена

15-ти ден Хирургија не функционира, државата е парализирана заради неспособноста на СДС и ДУИ обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ почна постапка за избор на нов претседател, во игра се повеќе кандидати

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Денеска е 14-ти ден на колапсот на Хирургија

Преговорите за новата Влада ќе завршат во следните неколку дена

Лукаревска: Ова е прва седница на ЦО по изборниот пораз, најверојатно ќе се отворат многу прашања

Предраг Петровиќ