„Хаос во земјоделието, разочарани и револтирани земјоделци, слаб откуп на земјоделски производи е резултатот од министерувањето на најнеспособниот министер Љупчо Николовски.
Додека земјоделците протестираа и родот го фрлаа на ѓубриштата, Николовски шеташе по луксузните туристички места низ светот.
Околу 10000 ха шума изгореа низ Македонија и човечки животи беа загрозени, а министерот Николовски не се осмели да излезе на терен и да помогне во справувањето со пожарите.
Љупчо Николовски на својот отчет немаше што да каже дека сработил за 100 дена од неговото министерување па мораше да се фали со мерките и проектите на ВМРО-ДПМНЕ.
Во денешниот отчет Николовски излажа дека ги зголемиле субвенциите за замјоделците, бидејќи со ребалансот на Буџетот за 2017 изгласан од пратениците на СДС износот за субвенции беше намелен за 100 милиони денари. Субвенциите не се целосно испалтени, а рокот за исплата на субвенциите за 2016 година беше до крајот на јуни месец оваа година.
Николовски е најмногу загрижен за партиските вработувања во неговото министерство. Додека кратеше од секоја ставка за доброто на секој земјоделец, единствено каде што има покачување со Ребалансот на Буџетот е во ставката за вработување на министерството.
Граѓаните го гледаат ова неодговорно работење од Владата на СДС и тие својот суд за ваквото расипничко владеење ќе го дадат на 15 октомври, каде што СДС ќе доживее катастрофален пораз на престојните локални избори“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Љупчо Николовски.