Џихадистичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за денешниот напад на воз во подземната железница во Лондон, во кој се повредени 29 лица.
Соопштението за преземање на одговорноста го објави агенцијата на ИД – Амак.
Британските власти соопштија дека бројот на повредените во нападот се зголемил на 29 лица. Националната здравствена служба нагласи дека им е дадена лекарска помош на 21 лице, а осуммина се испратени на домашно лекување.
Лондонската служба за итни случаи соопшти дека 19 повредени се хоспитализирани и тие се здобиле, главно, со полесни повреди, повеќето од нив се со изгореници по телото.
Британската полиција започна потрага по извршителот на нападот во лондонското метро.