Намален прометот во индустријата

Од:

Прометот во индустријата во јули во однос на јуни годинава е намален за 9,1 процент, а споредено со јули лани за 2,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во периодот јануари-јули годинава споредено со првите седум месеци од минатата година прометот во индустријата бележи раст од 7,4 проценти.

На домашниот пазар во јули годинава во однос на јули лани прометот во индустријата бележи опаѓање од три проценти, односно од 2,4 проценти на странските пазари.

Гледано по сектори, во јули годинава споредено со јули минатата година има опаѓање од 11,2 процента кај секторот „Рударство и вадење камен“ опаѓање од 11,2 процента, а во „преработувачка индустрија“ од 2,2 процента.

Според главните индустриски групи, прометот во јули 2017 година, во однос на јули 2016 година, е намален кај „капитални производи“ за 0,7 проценти и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 11,3 проценти. Пораст има кај „интермедијарни производи, освен енергија“ за 3,6 проценти и „трајни производи за широка потрошувачка“ за 6,4 проценти.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Намален прометот во индустријата

Од:

Прометот во индустријата во ноември 2012 година во однос на истиот месец во 2011. е намален за 31,7 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. На домашниот пазар е забележано опаѓање од 47,2 отсто, а на странските пазари за 19,5 проценти.

Опаѓање од 96,2 отсто е регистрирано и во однос на октомври 2012 година, како и во периодот јануари-ноември 2012 година во однос на периодот јануари-ноември 2011 година за 83,7 проценти.

Според статистиката, во ноември 2012 година во однос на истиот месец во 2011. прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење камен е зголемен за 33,9 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија е намален за 34,2 отсто.

Опаѓање е евидентирано кај Енергија за 96,6 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија 16,8, Капитални производи 1,5, Трајни производи за широка потрошувачка за 29,2 и Нетрајни производи за широка потрошувачка 7,8 отсто.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата