Влада на РМ: Извештајот на Прибе ќе го користиме како насока за надградување и подобрување на Планот 3-6-9

Од:

„Влада на Република Македонија ја поздравува работата на експертската група на Рајнхард Прибе за системски прашања од областа на Владеењето на правото, и на овој втор Извештај гледа како на продолжение на Извештајот на Прибе во 2015 година.

Денешниот извештај кој се однесува на периодот јуни 2015 – јуни 2017 беше изготвен во целосна соработка на сите државни институции со експертската група предводена од Рајнхард Прибе. Го поздравуваме заклучокот на групата наведен во Извештајот за позитивната промена во политичкиот контекст и согледаната поголема посветеност од страна на институциите за проактивно решавање на политичките предизвици и преземање одговорност.

Сметаме дека Извештајот на Прибе објавен денеска дава реална слика за системските и долгогодишни предизвици кои оваа Влада ги наследи по преземањето на власта во јуни 2017 година, затекнувајќи „заробена држава“.

Владата на Република Македонија целосно се согласува со констатацијата дека во периодот 2015-2017 година многу малку работи се подобрени во областите од Извештајот, и дека тоа значи многу изгубено време за Македонија.

Токму во првите 100 дена од работењето, новата Влада успеа да ги согледа овие проблеми и загрижена за досегашното загубено време и шанси, изработи реформски План 3-6-9, кој веќе опфаќа дел од проблемите утврдени во новиот Извештај на експертската група на Прибе и отвара пат за нивно решавање.

Истакнуваме дека Извештајот на Прибе објавен денеска ќе го искористиме како насока за надградување и подобрување на Планот 3-6-9, како и за определување на приоритетните мерки за наредниот период. Плановите на Владата ќе се прават врз основа на соодветни анализи и во отворен и инклузивен процес со Собранието, опозицијата и граѓанското општество. Реформскиот план на Владата ги покрива истите теми како и Извештајот на Прибе 2017 бидејќи првично Планот 3-6-9 беше изработуван согласно забелешките од првиот Извештај на Прибе од 2015 година.

Четирите клучни области на денешниот Извештај се: 1) Судство, 2) Спроведување на законот и гонење на кривични дела (Полиција и Јавно обвинителство), 3) Независни тела (регулаторни, контролни и надзорни) и 4) Медиуми и граѓанско општество.

Владата има сериозен пристап кон суштинските промени кои треба да се направат не само во плановите и стратегиските документи туку и на дело во практиката без повторување на грешките од минатото.
Целта на Владата на Република Македонија е да ги решава проблемите на суштински начин, а Европската комисија со верификување на напредокот да овозможи обновување на безусловна препорака за почеток на преговорите со ЕУ и скорешно отварање на преговарачкиот процес за членство на Македонија во ЕУ“ се вели во соопштението на Владата.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада