Во Технолошко индустриската зона во близина на Струга денеска ќе биде пуштена во употреба фабриката на компанијата ОДВ Електрик. На официјалниот старт со работа ќе присуствува вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев.
Новиот капацитет во кој ќе се произведуваат жичани инсталации за автомобилската индустрија предвидува вработувања на 1000 лица, а компанијата претходно работеше во земјата во браунфилд објект. Инвестицијата е проценета на 15 милиони евра.