Британската влада сака да обезбеди договор по мерка, со ЕУ за да го заштити лондонскиот финансиски центар Сити, после Брегзит- изјави денеска во Лондон, британскиот министер за финансии Филип Хамонд.
Министерот заборувал на традиционалниот ручек со финанисерите и банкарите во Сити и го предупредил Брисел да не го користи излегувањето на Британија од ЕУ за воведување протекционистички мерки, создадени за да му се наштети на лондонскиот финансиски центар.
-Финансиските услуги се најзначајниот британски извоз во ЕУ- рекол Хамонд.
Тој успеа да се избори во владата, по формалното напуштање на Унијата, во март 2019 година, да се определи неколкугодишен период на транзиција, за приспособување на домашната економија со новата ситуација во која ке се најде земјата.
Хамонд сега вели дека транзицискиот период ке биде интегрален дел за обезбедувањето „мек„ Брегзит на кој тој инсистира уште од почетокот на владините несогласувања околу тоа какво да биде британското повлекување од ЕУ.
Повекепати досега европски политичари го предупредуваа Лондон дека финансиската позиција на Сити , по Брегзит, ке мора да биде погодена, особено ако Британија го напушти и единствениот пазар на ЕУ.
Земји членки на ЕУ веке започнаа да врбуваат компании кои сега се стационирани во лондонски Сити, да се преселат на нивната територија.
-Британија сега бара нов модел за тргувањето во финансискиот сектор по излегувањето од ЕУ, но во тие рамки, ние мораме да го заштитиме Сити – рекол министерот за финансии Филип Хамонд, предупредувајќи дека доколку тоа не се постигне, би можело да се случи да биде раситнет меѓу европските држави или префрлен во Њујорк, односно во Хонг Конг.