Фронт за народот, фронт за Македонија бара оставка од Заев од сите политички функции

Од:

Здружението „Фронт на народот, фронт за Македонија“ го повикува потпретседателот на СДСМ Зоран Заев да понесе политичка одговорност за изјавата во телефонските снимки што се појавија во медиумите.

– Тој кажа дека во наредниот период во Македонија ќе се пука, а исто така откри и други работи кои ги планира СДСМ за време на локалните избори во март. Таквите зборови не му личат на еден политичар кој секојдневно ни зборува за демократија. Со ваква реторика не смее да се служи ниту еден политичар во оваа земја, се вели во соопштението.

Здружението прашува дали со изјавата на Заев се праќа порака до македонската јавност дека треба да се живее во страв и дека се најавува крваво сценарио од страна на СДСМ.

– Очекуваме од Зоран Заев, по ваквата срамна изјава, да се повлече од секакво дејствување во политиката и да си даде оставка од сите функции што ги извршува, се наведува во соопштението од здружението.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

ВМРО-ДПМНЕ: Владините мерки даваат резултати, раст на вработеноста и нови можности за младите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче чека странска рака да го направи премиер, не македонскиот народ

Горан Наумовски

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од партија, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ веднаш да закаже јавна расправа за Законот за игри на среќа

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски