УНИЦЕФ: Вклучување ромски здравствени медијатори во системот на здравството

Од:

Претставници од Министерството за здравство, невладиниот сектор, локалната самоуправа, меѓународни организации и ромски здравствени медијатори се сретнаа денеска за да ги разгледаат моделите за натамошна работа на медијаторите и нивно вклучување во здравствениот систем.

Тие, како што соопштија од УНИЦЕФ, ги разгледaле препораките од евалуацијата на работата на ромските здравствени медијатори која ја подготви оваа меѓународна организација и можните решенија медијаторите да станат дел од здравствениот систем.

– Ромските здравствени медијатори работат директно на терен во ромските заедници за да им помогнат на семејствата, особено на оние што се во најтешка положба, да ги добијат здравствените и социјални услуги што им следуваат. Тие служат како алка меѓу ромската заедница и здравствените и социјални служби преку давање здравствени совети, посредство во вадење документи и помош во идентификување деца кои не се имунизирани и деца кои имаат знаци на тешкотии во развојот, се вели во соопштението.

Од УНИЦЕФ истакнуваат дека со досегашната работа ромските здравствени медијатори покажале подобрување на опфатот со превентивна здравствена грижа во ромските заедници.

Би можело да ве интересира

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел