По седми пат во Прилеп ќе се одржи планинскиот маратон „Krali Marko trails“

Од:

И годинава по 7-ми пат во Прилеп од 22 до 24 септември ќе се одржи ултра планинскиот маратон насловен како „Krali Marko trails“. Оваа година има рекорден број на пријавени натпреварувачи околу 400 и тоа од 22 држави од целиот свет. Организатори на настанот се Здружението „Krali Marko trails“, ПСД „Макпетрол“ и Општина Прилеп. Мотото на маратонот е „ПОЧУВСТВУВАЈ ЈА ЛЕГЕНДАТА, ИСТРЧАЈ ГО МИТОТ!“

„Годинава ќе се трчаат 4 трки. Најстарата и најмасовната трка „Трескавец Треил” е долга 16 километри и стартува од амфитеатарот во населбата Варош, минува под Марковите Кули и преку живописните околни прилепски ридови оди до манастирот Трескавец. Трката ќе започне во 10 часот на 23 септември.

„Камена Баба Треил” започнува и ја следи истата патека до манастирот Трескавец како и „Трескавец Треил” за потоа да продолжи по фасцинантниот карпест терен на патот за селото Дабница. Оттаму го качува ридот Кукул на кој се наоѓа и светски познатиот болдеринг локалитет „Камена Баба” и се упатува кон контролната точка на Прилепското езеро. Од таа контролна точка патеката се враќа назад, го заобиколува Кукул и болдер локалитетот Камена Баба и се упатува кон седлото „Наковална” каде се префрла на северната страна на ридот позади Марковите Кули. Оттука, трката се враќа во Варош. Стазата е долга 31 км, а трката започнува исто во 10 часот на 23 септември“, посочи во својата изјава Игор Јовановски организатор на настанот.

Градоначалникот Марјан Ристески им посака на сите учесници многу среќа и убав престој во градот за време на маратонот и посочи дека настаните кои се организираат од ваков тип влијаат врз економскиот бенефит на градот како и врз развојот на туризмот.

Третата стаза „Козјак треил“ е трката од која започна се. За прв пат беше одржана во 2012 година како прва и најдолга ултра планинска трка во Македонија и оттогаш наваму имаше вкупно 3 изданија. Името на трката потекнува од највисоката точка на патеката, врвот Козјак (1.747м), кој се наоѓа на точно половина патека, а истата има вкупно висинско качување од 3.000 м низ теренот кој ви гарантира доживување кое ќе го паметите засекогаш. Таа е долга 65 км. и ќе започне во 8 часот на 23 септември.

Најдолгата трка во едицијата на Крали Марко Треилс, го носи и најголемиот предизвик. Да се биде учесник на Крали Марко Ултра Треил значи да се биде дел најголемата македонска ултра трка со должина од 110 километри. Епскиот лик на Крали Марко и неговата сила, моќ и издржливост се вистинско олицетворение на она што можете да го очекувате од оваа трка.

Патеката ќе ве води низ низа од прекрасни села, манастири и историски места, а недопрените треил патеки во резерватот Мукос, врвот Козјак и Марковите Кули, како и техничките спустови низ карпест и каменест предел, ја прават трката да биде ултимативен тест на изджливост и една од најтешките на Балканот. Стартот и финишот започнуваат во петок на 22 септември во 23 часот.

Најкратката, највеселата и најшарената трка „Маркукуле треил“ е наменета за најмладите. Трката е во должина од 1,5 километри и од амфитеатарот во Варош оди до манастирот Св. Архангел Михаил веднаш под Марковите Кули, а завршува повторно во Варош, ќе започне на 24 септември во 10.30 часот.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Во Прилеп денеска е ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица

Катерина Ѓуровски

Двајца лекари и ренген-технчар се жртвите во тешката сообраќајна несреќа кај Прилеп

Четворица повредени во сообраќајка во Прилеп

Еден тешко повреден во судар на автомобил и мопед во Прилеп

Две деца од Прилеп здобиле изгореници откако пламнал пожар во нивната куќа

Горан Наумовски