Поради дефект, без вода за пиење се кавадаречките села Шивец и Возарци. Раководителот на работната единица за водовод и канализација при Јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци Марјан Прескакулев информира дека интензивно се работи на отстранување на дефектот.
– Се очекува проблемот да биде надминат и двете села да добијат вода во текот на утрешниот ден, вели Прескакулев.