ЛДП на локалните избори ќе настапи заедно со СДСМ

Од:

„Либерално-демократската партија синоќа донесе одлука на наредните локални избори да биде дел од победничката коалиција со СДСМ, коалиција која гарантира враќање на демократијата на локално ниво, расчистување со криминалното рабтоење и конечно, посветување на реалните локални проблеми на граѓаните.

На синоќешната седница, Централниот Одбор на ЛДП го прифати договорот за коалиционен настап на наредните локални избори со Социјал Демократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ).

На истата седница, членовите на Централниот Одбор го исклучија од партијата и од сите партиски тела и органи поранешниот претседател, Андреј Жерновски, поради преминувањето во СДСМ.

На Жерновски, ЦО на ЛДП му посака среќа и успех во натамошната работа, а на СДСМ им посака овој пат да не им се повтори Стевчо Јакимовски.

Членовите на ЦО на седницата го избраа и вториот потпретседател на партијата, Игор Вељаноски, кој досега ги извршуваше функциите на претседател на градската организација на ЛДП и советник во Советот на Општина Кисела Вода“, соопштуваат од ЛДП.

Би можело да ве интересира

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

ЛДП доби признание за иновативни решенија на конгресот на АЛДЕ во Брисел како клучен член на европското либерално семејство

Зајкова: Да избереме напредок, одговорност и дела што носат подобро секојдневие за сите нас

Горан Наумовски

ЛДП: Идентитетот не се гради со уривање на заштитеното културно наследство

Геговска: Трагедијата на Росица нека биде последна, бараме итно воведување на електронска нараквица за насилниците

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зајкова: 102 молкa, еден живот помалку – електронска нараквица за сторителите на насилство