Во Куманово изложба Омаж за тебе“ на Валентина Илијевска

Од:

Во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва во 20 часот ќе се отвори изложба на цртежи со наслов „Омаж за тебе“ од авторката Валентина Илијевска. Кумановци ќе имаат можност да разгледаат 28 дела поставени на седум постаменти, минијатури, цртежи.

– Минијатурите се поставени на надворешната страна од фортификацијата, додека во внатрешноста се наоѓа сината коцка која е всушност симбол за човекот. Постамените се налик на шаховска табла која ја симболизира борбата за животот, односно еден показател дека не е ништо случајно во животот, туку се се случува со некоја одредена цел, изјави авторката Илијевска.

Роберт Цветковски историчар на уметност и директор на Центарот за култура, истакна дека цртежите се доста инспиративни и носат универзални пораки. Тој додаде дека и оваа изложба на авторката, го следи нејзиниот континуитет во работата.

– Очекувам публиката да пројави интерес за оваа изложба. Се работи за цртежи направени како објекти. Авторката има мошне оригинален пристап кон делата, изјави Цветковски.

Инаку, ова е седма самостојна изложба на Илијевска. Досега учествувала на бројни групни изложби и ликовни колонии. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности, Оддел графика и графички технники, а магистрира на постдипломски студии на одделот Конзервација и реставрација на ѕидно сликарство, на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Изложбата „Омаж за тебе“ ќе биде поставена до 28 септември.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски