СДСМ: Коце Трајановски ќе остане запаметен како најголемиот уништувач на градското зеленило

Од:

СДСМ испрати писмена реакција на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Крадоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се последната одбрана на режимот на Груевски што граѓаните го поразија на 11 декември, а ќе го поразат и на претстојните локални избори.

Кандидирањето на старо нови крадоначалници кои успешно го следат примерот на Груевски за криминално и расипничко владеење, уште еднаш докажа дека партијата ВМРО-ДПМНЕ е длабоко навлезена во криминал и се уште не може да се ослободи од стегите на Никола Груевски и Сашо Мијалков.

Коце Трајановски и Тони Трајковски се типични крадоначалници од ВМРО-ДПМНЕ кои работат како продолжена рака на нивниот шеф Никола Груевски кои не се грижат за граѓаните, туку единствено за нивните коруптивни интереси. Најголемото достигнување на Трајковски е што по нарачка на Груевски и Јанакиески одмазнички и противзаконски рушеше објекти, како што самиот Груевски кажа „со динамит“.

Трајановски ќе остане запаметен како најголем уништувач на градското зеленило и дрвата во Скопје и како исполнувач на желбите на Никола Груевски. Неодговорното и расипничко владеење на Трајановски го остави Скопје со екстремно загаден воздух, нездрава животна средина и со урбанистички и сообраќаен хаос, додека истовремено трошеше милиони евра народни пари за лажни градски плажи, врби, палми и панорамски тркала, само за да ги задоволи желбите и криминалните апетити на неговиот шеф Никола Груевски.

Граѓаните го препознаа одговорното, чесно и транспарнтно работење на СДСМ и затоа на локалните избори чесната понуда на кандидати и програма на СДСМ ќе добие најголема поддршка од гласачите. Граѓаните ќе изберат нова, услужна локална власт предводена од СДСМ којашто ќе работи во интерес на граѓаните“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Фрчкоски: 93 тендери вредни 18 милиони евра за Мастеф – омилената фирма на власта

А1он

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда