Огласот за член на ДИК на 15. собраниска седница

Од:

Предлог одлуката за објавување јавен оглас за избор на член на Државната изборна комисија (ДИК), поднесена од пратениците Африм Гаши, Томислав Тунтев и Ејуп Аљими, денеска ќе биде на дневен ред на 15. собраниска седница. На дневен ред на оваа седница е и Предлог законот за употреба на јазиците, во прво читање.

Измените и дополнувањата на Изборниот законик беа донесени во понеделникот и со нив се предвидува до локалните избори закажани за 15 октомври да се усогласи составот на Државната изборна комисија (ДИК) со составот на Собранието по последните избори за пратеници. Со оглед на резултатите од последните парламентарни избори нов член на ДИК треба да има движењето БЕСА која освои пет пратенички мандати, а треба да се разреши Бедредин Ибраими, кој беше предложен од ДПА.

Собранието го огласува изборот на член на ДИК во „Службен весник на Република Македонија” и во дневниот печат. Огласот трае пет дена од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија”.

Претседателот на Собранието ја известува политичката партија во опозиција, во рок од 24 часа од приемот на известувањето за пријавени кандидати на огласот, да му достават предлог за член на ДИК. Доставениот предлог, Комисијата за прашања на изборите и именувањата го утврдува и веднаш го доставува до Собранието на Република Македонија.

Членовите на ДИК, Собранието ги избира двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Измените на Изборниот законик за смена на составот на ДИК беа предложени по постигнатиот политички договор меѓу парламентарните партии.

На оваа седница треба да се разгледа и Предлог законот за издавање вредносни бонови – ваучери, во прво читање поднесен од пратениците од опозицијата.

Пратениците ќе расправаат и за интерпелациите за работата на министрите за финансии, за култура и за животна средина и просторно планирање, Драган Тевдовски, Роберт Алаѓозовски и Садула Дураку, поднесени од опозицијата.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет