Велика Британија планира и натаму да придонесува во одбранбените операции на ЕУ и да договори заедничка надворешна политика со Унијата после Брегзит, се наведува во најновите документи на британската Влада, кои се уште не се објавени, јави Би-Би-Си.
Во тие документи се наведува, според Би-Би-Си, дека Велика Британија ќе и понуди на ЕУ „длабоко безбедносно партнерство“ во борбата против тероризмот, кибер криминалот и илегалната миграција и оти ќе се обврзе на соработка при воведувањето санкции на други држави.
Станува збор за најновите, во низата документи, во кои се дефинираат целите на британската Влада во преговорите за излез од Унијата.
Британската Влада ќе бара и ново, подлабоко партнерство со трети земји и ќе вети користење „имот, капацитети и влијанија“ на Велика Британија во безбедносните операции.