Министерството за внатрешни работи ја поддржа акцијата на Амбасадата на САД за дарување на крв и храна

Од:

Со донација на прехранбени артикли Министерството за внатрешни работи на Република Македонија ја поддржа акцијата на Амбасадата на САД за дарување на крв и храна, што се одржа денеска. Во име на министерството донацијата ја однесе министерот за внатрешни работи, г. Оливер Спасовски, а делегацијата од МВР учествуваше и во акцијата за дарување крв.

Акцијата беше организирана во соработка со Црвениот крст на град Скопје и Институтот за трансфузиологија, а се организира како сеќавање на жртвите и почит кон сите оние што помогнаа во справувањето со последиците од нападите на 11 септември 2001 година.

Овој настан има за цел да помогне за дополнување на резервите од крв на Црвениот крст и ќе обезбеди храна и други потребни залихи за загрозени семејства за претстојната зима.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он