(ВИДЕО) Блажески: Вие од ДПМНЕ немате морално право да барате референдум

Од:

Советот на општина Охрид ги изгласа иницијативата и предлог одлуката за распишување на референдум во врска со прашањето за мигрантите, со 13 гласа ЗА и два воздржани.

На референдумот што ќе се одржи на денот на локалните избори, 15 октомври, охриѓани ќе можат да се изјаснат на прашањето: Дали сакаат на подрачјето на општина Охрид да се доселуваат лица кои бараат азил?

На носењето на одлуката и претходеше долга расправа во која советниците од опозицијата го повторија ставот дека одлуката за распишување референдум е неоснована. Советникот Дејан Блажески го покрена и прашањето околу надлежноста на Советот да носи такви одлуки.

“Според законот, референдум на локално ниво распишува Советот по сопствена иницијатива или по предлог на најмалку 20% од граѓаните на општината. Денес ова е по иницијатива на советниците од ВМРО-ДПМНЕ. Советот може да распише референдум на локално ниво за прашања од негова надлежност за кои со закон е овластен да одлучува. За мене сеуште е спорно дали ние сме со закон овластени да одлучуваме за оваа проблематика и да го спроведеме референдумот. Побарав од советниците на ДМПНЕ да кажат со што е загрозена општина Охрид, кој од нив побарал да им се отстапат парцели, дали има такви барања, но на тоа не добив одговор. Има еден пример во 2008 година, во време на власта на ДПМНЕ кога од општина Сарај е побаран простор за правење бегалски кампови. Сето ова се само дневни политички препукувања игнорирајќи ги законските процедури и прописи“, изјави Блажески.

Потоа следуваше реакција од претседателката на Советот, Гордана Коњаноска, која потенцира дека во ниеден момент не е нарушена законската процедура.

Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Илија Арнаудоски, пак, со обвинувања до советниците од СДСМ кои гласаа воздражно, дека со тоа тие гласале за населување на мигранти во Охрид.

Координаторот на советничката група на СДСМ и коалицијата Јован Стојаноски рече дека бегалците се измислени и дека СДСМ ќе го повика членството да не гласа.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице