(ВИДЕО) Шилегов: Чист воздух и повеќе зеленило во Скопје, приоритети на новата локална власт на СДСМ

Од:

„Како и во изминатите години, така и оваа, Коце Трајановски повторно ги дочекува есенските и зимски денови целосно неподготвен за справување со загадувањето кое е најкритично во овој период на годината.

И покрај бројните ветувања, градската власт не стори ништо за да се намали нивото на ПМ честички во воздхот во Скопје и дозволува сите ние да се труеме од загадениот воздух.

На Скопје му е потребна итна стратегија за чист и квалитетен воздух. Затоа, по победата на локалните избори, како нова градска власт ќе преземеме низа краткорочни и долгорочни мерки за намалување на загадувањето.

Во прв план ќе бидат заштитата и дополнителното зголемување на парковите, дрворедите и сите зелени површини во градот. Процентот на зеленило мора драстично да се зголеми, особено во централното градско подрачје.

На територија на Град Скопје и во скопските општини биде воведена дежурна инспекциска служба којашто ќе работи на повик 24 часа, 365 дена во годината. Ќе има и засилен и континуиран мониторинг на сите загадувачки супстанци во воздухот, како и мониторинг на присуството на тешки метали како арсен, кадиум и олово во воздухот.

Новата градска власт ќе вложува и во нови економични и еколошки извори на енергија за да се намали употребата на огревно дрво и нафта за загревање, а јавниот превоз ќе се одвива по повисоки еколошки стандарди.

Мора да се стави крај непланското градење и на градежниот хаос што беше главна одлика на владеењето на продолжената рака на Никола Груевски, Коце Трајановски.

На Скопје одамна му е потребна нова услужна локална власт што ќе ги решава проблемите на граѓаните на ефикасен, чесен, одговорен и транспарентен начин. СДСМ во овие сто дена колку што ја предводи Владата покажа дека зборот е збор и дека работи одговорно и во интерес на граѓаните. По победата на локалните избори тоа ќе го покажат и сите советници и градоначалници од СДСМ. Чесниот одговорен и транспарентен пристап од централно, ќе го пресликаме и на локално ниво“, изјави Петре Шилегов, потпретседател на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: Скандалозниот тендер на Јанушев од еден милион евра заврши кај поранешен советник на СДС во Струмица

(ВИДЕО) Јанковиќ: Вицепремиерот Арбен Фетаи не сака да одговара на македонски јазик, тврди „уште не бил спремен“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги штити Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Љупчо Коцевски

Филипче од Париз: Потребен е проактивен пристап и политички консензус за напредок кон ЕУ

И СДСМ обвинува дека преку тендер кој го распишал Јанушев ќе се финансира кампањата на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски ги лаже скопјани со „EXIT“