Голем пожар над делчевското село Драмче

Од:

Попладнево, по 13 часот избувна голем пожар над делчевското село Драмче кој се заканува да уништи голема површина на густа борова шума. Според првичните информации од теренот, пожарот почнал од куќа во населбата Стамболиско маало по што се проширил до околната борова шума.

Како што инфромира директорот на ЈП ШС „Голак“ Делчево, Љупчо Птеровски, пожарот се шири со голема брзина и се заканува да ја зафати и шумата во атарот на селото Селник.

– Станува збор за голем пожар кој се шири со голема брзина, поради сувата трева и силниот ветар. Пожарот во моментов се движи со голема брзина и на кај селото Селник. Засега не можеме да прецизираме колкава површина е зафатена со пожарот, но состојбата е опасна, истакна Петровски.

Од Дирекцијата за заштита и спасување од Делчево информираат дека во гаснењето учествуваат околу 40 лица и тоа екипи од ТППЕ Делчево, од ЈП ШС „Голак“ Делчево, вработени од ЈПКД „Брегалница“, а ангажирани се и Просторните сили од Општина Делчево. Исто така, поради критичната состојба со пожарот, ќе се бара помош и од авионите на Дирекцијата за заштита и спасување.

На делчевска територија ова е прв посериозен пожар ова лето.

Би можело да ве интересира

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски