Погоден од кризата поранешниот грчки премиер Костас Караманлис го продаде „историскиот“ стан во елитниот атински кварт Колонаки, кој долго време беше и политичка канцеларија на неговиот татко Алекос Караманлис, објави „Етнос“.
Весникот наведува дека станот е продаден откако Караманлис ја намалил цената од 900.000 на 700.000 евра.
Станот во центарот прво бил користен како политичка канцеларија на Алекос Караманлис, татко на поранешниот премиер и брат на покојниот државник и основач на Нова демократија Константинос Караманлис. Во зимата 1997 година од тој стан почнала кариерата на Костас, кога бил избран за лидер на партијата, а седум години подоцна и за премиер.