Амбасадата на САД организира добротворна акција во чест на 11 септември

Од:

Амбасадата на САД денеска организира крводарителска акција и акција за собирање на прехранбени продукти и облека по повод Националниот ден на служба и сеќавање.

Добротворната акција се организира во соработка со Црвениот крст на Град Скопје и Институтот за трансфузиологија.

На настанот најавено е обраќање на американскиот амбасадор Џес Бејли, генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити и директорот на Институтот за трансфузиологија, Кочо Димитровски.

Националниот ден на служба и сеќавање почна да се одбележува во 2002 година во чест на жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнаа во справувањето со последиците од нападите на 11 септември. Во 2009 година, Конгресот на САД усвои сојузен закон со кој го прогласи 11 септември за Национален ден на служба и сеќавање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 25 години по 11 септември: Ал Каеда е ослабена, но не исчезна

Горан Наумовски

Мамдани: Објавени 170.000 страници документи за последиците од 11 септември

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Надворешното претставување да биде во рацете на професионални дипломати

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Претседателката Сиљановска-Давкова отповика осум амбасадори