Трпејца на нозе во одбрана од дивоградбите

Од:

Полицијата не дозволи жителите на Трпејца да го блокираат патниот правец Охрид-Свети Наум кој води кон граничниот премин со Албанија, затоа што според новиот закон за безбедност во сообраќајот не било дозволено блокирање на патни правци.

Сепак тие мирно го изразија својот револт од непочитување на одлуката за уривање на дивоградбите во селото Трпејца кое го има донесено општина Охрид уште во 2011 година. Трпејчани побараа државата да ги повика на одговорност сите надлежни министерства и Националниот парк Галичица кој од 2008 година до денеска биле само неми посматрачи на бесправно узурпирање и градење на државен имот од страна на приватниот инвеститор Ивире.

„Јавноста знае дека се работи за лични интереси на поединци кои под плаштот на законот на легализација на градбите лакомо сакаат да приграбат место што не е нивно и со векови во Трпејца се знае дека е свето. Бараме претставници на локалната и централната власт најдоцна до утре да соопштат што ќе преземат за овој случај. Апелираме да се надминат тесно партиските интереси и да се реши случајот во наша полза“, изјави Пере Ангелески од црковниот одбор во Трпејца.

Жителите велат дека ако дивогградбите не се срушат, протестите ќе продолжат и наредните денови. На протестите не се појавија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ Николовски и Шокароски и покрај тоа што вчера писмено им дадоа подршка на Трпејчани, кој што побараа партиите да ги тргнат настрана рацете од овој случај и истиот да се реши институционално.

„Ние не тепаме никого. Рековме дека 4 часа ќе го блокираме патот. Не можело така. Нема проблем. Не водиме инает према државата ни градот. Ако не се реши оваа работа, само на медиумите ќе им најавиме и сами ќе го блокираме патот“, рече Гоце Ламбески жител на Трпејца.

Крајно политикантски и недемократски е пратениците од ВМРО- ДПМНЕ од Охрид Александар Николоски и Харалампие Шокароски, за да спечалат некој ефтин политички поен, да ги подбуцнуваат и злоупотребуваат жителите на Трпејца. Со овие постапки покажуваат дека поважни им се партиските, отколку интересите наа граѓаните на општина Охрид се вели во реакцијата на локалната самоуправа во Охрид.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице