Ирачките Курди најавуваат отцепување доколку Багдад не го прифати референдумот

Од:

Претседателот на Ирачки Курдистан, Масуд Барзани изјави дека Курдите ќе „исцртаат гранични линии“ на идната курдска држава, ако владата во Багдад не го прифати гласањето за независност, на референдумот закажан за крајот на овој месец.

Во разговор за Би-Би-Си, Барзани рекол дека сака постигнување договор со централната влада на Ирак, доколку мнозинството Курди се определат за независност.

Владата во Багдад веке соопшти дека го отфрла референдумот, прогласувајќи го за неуставен, но Барзани предупредува дека Курдите ке се борат со секој што ке се обиде, со употреба на сила, „да ја смени реалноста во Киркук„.

Курдската Пешмерга го има под контрола овој „град на нафтата„ на северот од Ирак, во кој има и голема арапска и туркменска популација, по долгата и тешка борба што курдските сили ја водеа против џихадистите на Исламска држава.

Освен официјален Багдад и шиитските милиции кои беа дел од борбите со ИД, најавија дека нема да дозволат Киркук да биде дел од независен Курдистан.

Курдите се четврта по големина етничка група на Блискиот Исток, но никогаш досега немале своја, незвисна држава.

Територијата на Курдистан се протега низ четири држави- од Турција, преку Сирија и Ирак до Иран, а само во делот кој му припаѓа на Ирак, Курдите се околу 20 отсто од населението, од 37 милиони Ирачани.

Референдумот е предвиден на 25 септември , откако за тоа одлука донесоа сите партии во автономната курдистанска регионална влада.

На гласање ке излезат гласачите од трите провинции кои го сочинуваат автономниот регион, но и Курдите во Киркук, Синџар и уште во два други града кои формално се надвор од автономниот регион.

Курските политичари тврдат дека изјаснувањето на гласачите за независност, нема автоматски да повлече и отцепување од Ирак, затоа што станува збор за советодавно изјаснување на Курдите за својата иднина.

„Ова е прв чекор. Прв пат во историјата, лугето на Курдистан , слободно ке одлучуваат за себе „- рекол Барзани во разговорот за Би-Би-Си.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак