СИРИЗА е голема надеж на Грците за промена, изјави лидерот на радикалната грчка левица Алексис Ципрас во интервју за британскиот весник „Гардијан“.
– Ние сме големата надеж за промена на Грците. Ние не сакаме да ја спречиме катастрофата со лоши лекови, ние сакаме да ја смениме Грција, да ги спроведиме сите можни структурни реформи. Политичката клима во Грција е една од основните причини за кризата, наведува Ципрас.
Тој прогнозира дека во Грција наскоро ќе има предвремени парламентарни избори и оти Владата на Андонис Самарас нема долго да биде на власт.
Ципрас е противник на приватизацијата на државните компании, додека неговите критичари тврдат дека тој нема познавања од економијата.