(ВИДЕО) Шахпаска: Законите што ја унапредуваат социјалната заштита се веќе во собраниска процедура

Од:

„СДСМ и коалициските партнери посветено и одговорно работат на целосно реализирање на ветувањата од областа на социјална заштита. Наша задача и цел е Република Македонија да стане вистинска социјална држава, која ќе обезбеди социјална сигурност и соодветна грижа за сите оние на кои им е неопходна помош.

Во тој контекст, Владата предложи и во собраниска процедура влегоа два нови предлог-закони за изменување и дополнување на Законот за социјална заштита и на Законот за заштита на децата, со кои се обезбедува подобрување, но и олеснување на постапката за обезбедување социјални надоместоци.

Со измените на Законот за социјална заштита се обезбедува:

– олеснување на животот на лицата чие здравје е сериозно загрозено преку обезбедување на персонален придружник.

– Надоместокот за помош и нега од друго лице нема, како досега, да биде условен од месечните приходи во семејството. Тоа значи дека правото се стекнува исклучиво врз основа на болест и како такво не треба да биде условено од други фактори. Ова се однесува и за додатоците за глувост и за слепило.

– Се укинува и конзилијарното мислење од 3 доктори специјалисти од различни специјалности кое беше услов за апликација за овој надомест, а со тоа се укинува и надоместокот од 1200 денари.

– Предлог законот предвидува и лицата со умерени пречки во менталниот развој да добиваат паричен надомест за помош и нега од трето лице, независно од возраста на детето, наспроти досегашната пракса за надомест до 26 години

– се воведува правото на паричен надомест за помош и нега од друго лице и за лицата со навршени 26 години возраст со умерени пречки во менталниот развој, а не како што беше досега само за тешки и длабоки пречки во менталниот развој…

– Се обезбедува и паричен надоместок на родител за скратено работно време доколку има дете со попреченост независно од неговата возраст.

Со измените на Законот за заштита на децата, по барање на родителите, значително се олеснува постапката пред Центрите за социјални работи за продолжување на правото на посебен додаток за дете со специфични потреби, кое има пречки во телесниот или менталниот развој или комбинирани пречки во развојот, за кое има издадено траен наод од стручен орган. За нив нема потреба да се поднесува барање за продолжување на правото секоја година.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, која што сега откако замина во опозиција глуми лажна загриженост за пензионерите, социјално загрозените лица, за економски ранливите категории на граѓани СДСМ и коалициските партнери преку практични проекти, конкретни мерки и законски решенија го олеснува животот и функционирањето на сите граѓани.

За жал, ВМРО-ДПМНЕ се уште во граѓаните, во пензионерите, во социјалните случаи гледа само потенцијални гласачи поради што и понатаму предлага лажни мерки за еднодневна употреба. За разлика од нив, СДСМ ќе опстои на принципот за долгорочно и законско решение за покачувањето на пензиите. Тоа значи дека усогласувањата на пензиите ќе се прават два пати годишно и тоа по два основи – според порастот на трошоците на живот, како и според порастот на просечната плата на Република Македонија.

За парламентарното мнозинство и Владата предводена од СДСМ, зборот навистина е збор и преку посветена и отчетна работа, продолжуваме во остварувањето на дадените ветувања што носат подобар живот за сите“, изјави Јагода Шахпаска, пратеничка во Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Орце не може да го исчисти ниту „Расадник“, лаже дека ќе исчисти цело Скопје за 72 часа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром се соочува со сериозни инфраструктурни предизвици

Герасимовски: Реконструиравме над 24 улици, безбедноста подигната на највисоко ниво

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

ЗНАМ до Герасимовски: Дали кандидатите за советници имаат право да градат без одобрение за градба