Исламистичката организација Ал Шабаб утрово го зазеде сомалискиот град Балад Хаво во близина на границата со Кенија, откако нејзин бомбаш самоубиец детонираше експлозив во автомобил, а исламисти упаднаа во воена база.
Информацијата е добиена од неименуван портпарол на групата Ал Шабаб, која е поврзана со Ал Каеда.
Тој истакна дека во нападот се убиени 24 сомалиски војници, но засега нема независна потврда за тоа.
Локалното население соопшти дека борбите во градот продолжуваат.