Ирачките власти соопштија денеска дека држат над 1.300 жени и деца, странски државјани, членови на семејствата припадници на Исламска држава.
Властите прецизираа дека тие 1.333 лица, кои потекнуваат од 14 држави, се опколени од курдските сили кон крајот на август, откако ирачките сили ги потиснале припадниците на ИД од градот Тал Афар, во близина на Мосул.
Според воени извори жените и децата се сместени во кампови за бегалци во северниот дел на земјата.
Илјадници странци допатувале во Ирак и Сирија за да им се приклучат на припдниците на ИД.