Ракометарките на ЖРК Вардар вечерва со почеток од 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје го играат последниот натпревар од оваа календарска година во рамките на женската регионална лига против тимот на Заечар.
Шампионот на Србија пред два дена во Скопје загуби од ЖРК Металург.
Составот на противникот на „црвено-црните“ е ослабен во однос на претходните натпревари, па избраничките на Индира Кастратовиќ ќе имаат шанса да стигнат до втората победа.
Една од шпанските репрезентативки, Бегона Фернандз, која си замина од Заечар, од следниот месец треба да го носи дресот токму на ЖРК Вардар.
Табела: Будуќност 12 бода (7 натпревари), Подравка 10 (5), Локомотива 8 (7), Металург 8 (7), Заечар 6 (4), Вардар СЦБТ 2 (5), Јагодина 2 (6), Бисери 0 (7).