Во Луксор откриена гробница стара повеќе од 3.500 години

Од:

Египетските власти соопштија дека во Луксор, јужен Египет, откриена е фараонска гробница на кралски златар, кој живеел пред повеќе од 3.500 години.

Гробницата, во која се погребани благородниции и државници, се наоѓа на западниот брег на реката Нил.

Египетскиот министер за антиквитети Калед ел Анани истакна дека во гробницата, која не е во добра состојба, има статуа на златарот и неговата сопруга, погребна маска, грнчарија и мумии на Египќани, кои живееле за време на 21. и 22. династија.

Гробницата е пронајдена од египетските археолози, а златарот е идентификуван како Амунхат.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски