Добри вести – Смеењето е навистина лек, бакнежите го подигнуваат имунитетот, умерена количина чоколадо и алкохол го штити организмот од болести, а годишниот одмор е влог во здравјето.
Во големиот број лоши здравствени вести и предупредувања кои ни ги даваат научниците, повремено ќе се најде и некоја убава вест од областа на здрвјето, пишува „Хафингтон пост“. Студијата која најмногу израдува во 2012 година е онаа која докажува дека јадењето чоколадо во умерни колични е особено здраво, посебно ако вашиот избор е темно чоколадо со поголем процент на какао.
Истражувањето на меѓународната организација „Јади здраво“ покажало дека луѓето кои секој ден јадат по неколку коцки темно чоколадо имаат низок индекс на телесна тежина, помал ризик од срцев и мозочен удар и дијабетес. Освен тоа, една од состојките на какаото теобромин ги намалува непријатните симптоми на кашлање, покажа британската студија на Клиниката Хал на 300 хоспитализирани пациенти со хронично кашлање.
Алкохолот е незаслужено прогласен за негативец
Умерените количини алкохол, особено црното вино, го штитат здравјето на срцето и крвните садови, покажа студијата на Универзитетот Харвард која открила дека виното го подигнува имунитетот и го намалува ризикот од рак на дојка и ревматоиден артритис.
Две пива на ден за мажите и едно пиво на ден за жените е добра превенција од мозочен удар и срцеви заболувања, а тоа особено важи за светлите пива, покажуваат американските студии. Пивото исто така го подигнува нивото на добриот холестерол во крвата, па со тоа спречува појава на крвни згрутчувања. Фитохормоните и силиконите во во пивото, како и големата количина на Б витаминот во пивото се намалува ризикот на остеопороза кај жените, потврди истражувањето на шпанскиот факултет „Ехтремадур“, што е особено важно за жените кои имаат поголем ризик за остеопороза од мажите.
Половина час вежбање е подобро од еден час
Оваа вест која доаѓа од американскиот институт за здравје на срцето во Канзас кој спроведе опсежна студија на 50.000 луѓе го одзема изговорот дека за вежбање ви недостасува време. Научниците откриле дека освен што покусиот и редовен тренинг подобро делува на метаболизмот, тој го продолжува животот многу повеќе отколку долготрајните тренинзи со среден интензитет.
Малку стрес не штети
Стресот ја забрзува циркулацијата на телото, поради што мозокот и мускулите работат побрзо и во помали количини имаат еднаков ефект на организмот како аеробикот, покажала студијата на списанието „Волстрит џурнал“.
Вежбањето во двојка ја јакне врската и либидото
Секој вид на вежбање во двојка, а особено јога го намалува стресот, ја подобрува циркулацијата и флексибилноста, учи да се живее во моментот и не поврзува со сопственото тело, а со тоа се подобрува и сексуалниот живот, покажа истражувањето кој го спроведе американското списание за сексуално здравје.
Годишниот одмор не е луксуз, туку потреба
Земањето годишен одмор на кој ќе се опуштите е најдобар влог во здравјето, покажа студијата на Унуверзитетот МекГил. Таа покажа дека луѓето кои ги одложуваат годишните одмори имаат послаб имунитет и се под поголем стрес. Исто така, годишниот одмор долгогодишно го подобрува квалитетот на сонот со што стануваме концентрирани и подготвени на работни предизвици.
Кој јаде повеќе тежи помалку
Честите и помали оброци се тајна на витката линија, особено ако тие вклучуваат овошје и зеленчук. Намирниците богати со влакна помагаат во задржување на подолго чувство на ситост, а оние кои имаат навика често да јадат во просек се и десет посто послаби отколлу луѓето кои на ден имаат само еден до два поголеми оброци. Исто така, честите оброци помагаат одржување на стабилно ниво на шеќерот во крвта, покажа студијата на Универзитетот во Калифорнија.
Бакнежи, мазење, љубов и брак се добри за здравјето
Разменувањето нежност со партнерот ги зголемува нивото на хормоните на среќа окситиоцинот во крвата заради што сме поотпорни на разни болести. Исто така, бакнувањето, мазењето и сексот го намалуваат нивот на стресот и ги согоруваат калориите. Луѓето кои се во брак ќе ги развесели веста дека тие во просек живеат подолго и се поздрави отколу луѓето кои не се во стални љубовни односи.
Смеењето е навистина лек
Смеењето е ефикасен лек и го забрзува заздравување подобро отколу што го прави тоа дури и напредната медицинска технолгоија, открива петгодишната британска студија. Во неа научниците од Универзитетот во Лидс ги набљудувале пациентите заболени од чиреви на нозете и времето кое дневно го поминувале смеејќи се. Утврдиле дека смеењето ја забрзува крвната циркулација што го намалува растењето на чирот. Студиите покажале дека луѓето кои често се смеат помалку заболуваат од срцеви болести, а идеалната „доза“ е 30 минути смеење на ден, гледање хумористични серии или филмови.
Не е предоцна за престанување од пушење
Престанувањето на пушење пред да влезете во 40-тата го намалува ризикот од прерана смрт за 90 отсто, утврди 12-годишната студија на Универзитетот Оксфорд спроведена на 1,3 милиони жени.
Цигарите го намалуваат очекуваниот животен век за 11 години, но ако престанете да пушите пред да влезете во 40-тата ќе се продолжи животот за десет години, истакна коавторот на истражувањето, Сир Ричард Пето.
Бројот на починати од рак ќе се намали за 17 посто до 2030 година
Раното откривање на лошата болест и подоброто лекување влијае на помала стапка на смртност, а до сега се намалил бројот на заболени од рак на дојка, простата и дебелото црево, покажа студијата на британското Здружение за истражување на рак.
Насилни игри можат да бидат добри затоа што ја зголемуваат толеранцијата на болка
Насилните видео игри во кои имаат задача да го убијат непријателот можат да бидат добри за нас, покажа студијата на Универзитетот Килеу каде испитаниците после таквите игри имале поголем праг на чуствителност на болка. Научниците тврдат дека овие резултати можат да бидат и природен човечки одговор на стресот каде се намалува чувствителноста на мозокот на болка.