ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Драги Рашковски за злоупотреба на службената положба

Од:

Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите кажа дека нејзината партија поднела кривична пријава до Основното јавно обвинителство за генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, за злоупотреба на службената положба.

– Рашковски ја употребил својата положба и овозможил именување на директори од страна на владата без истите да ја имаат исполнето со закон потребната квалификација, единствена квалификација која тие ја имаат е тоа што се активисти на СДС. Рашковски од периодот на негово назначување за Генерален Секретар до датумот на распишување на изборите, во повеќе наврати организирал именување на повеќе ВД директори од страна на владата, на лица кои не ги исполнуваат законските основи за да бидат именувани, но и именувал луѓе кои не биле писмено предложени од надлежни органи, како на пример Управен Одбор, за позициите за кои тоа било потребно, рече Колариќ.

Според неа, СДСМ не бира средства и начин како да ја партизира државата поставувајќи некомпетентни луѓе на позиции директори.

– Рашковски од позиција на Генерален Секретар до владата доставувал решенија без комплетна документација за именување на ВД директори на институции, а именуваните кои требале да имаат писмен предлог за именување од одредена институција, го немале или истиот бил доставен до архивата на Владата и заверен по именувањето на истите. Да почитувани граѓани, дел од директорите кои СДС ги назначи да раководат со државните институции, не само што не ги исполнувале условите за назначување на позициите на кои се поставени, туку и немаат соодветна квалификација. Ова е грубо и свесно кршење на законот, со цел целосна партизација на институциите и нивно ставање под јаремот на партијата на власт. За ова одговорност мора да има и ќе има, рече Колариќ.

Таа додаде дека со незаконското поставување на директори, на лица кои не ги исполнуваат законските услови, во опасност се става нормалното функционирање на институциите.

– Рашковски и сите прекршители на законите инспирирани или поттикнати од врхушката на власт, трета да знаат дека за своите незаконски дела ќе сносат одговорност. Одговорност мора да има и ќе има, заврши Колариќ.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Почна средбата на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за новата влада

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Која е Гордана Сиљановска Давкова, првата жена претседател: Министерка во Влада на Црвенковски, претседател со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов