ВМРО-ДПМНЕ: Неспособност, хаос, лаги и понижување е се што видовме од владата на СДС во првите 100 дена

Од:

ВМРО-ДПМНЕ испрати писмено соопштение реакција на соопштението на СДСМ.

„Неспособност, хаос, лаги и понижување е се што видовме од неспособната влада на СДС во првите 100 дена.

Сведоци сме дека владата на СДС одбра политика на понижување. Политика на попуштање на се и сешто и национално понижување.

Пред изборите ветуваа брз влез во НАТО и брзо почнување на преговори со ЕУ. Тоа што ветија не го исполнија. Не само што не станавме членка на НАТО и не ги започнавме преговорите со ЕУ, туку се обидуваат да ги измамат граѓаните обидувајќи се да го претстават како успех деблокирањето на препораката за отпочнување на преговори за членство во ЕУ, односно остранување на условеноста на препораката.

За овие 100 дена се случи и една од најголемите дипломатски кризи со соседна Србија, а со Бугарија потпишавме договор кој предвидува обврски само на македонска страна. Ревидирање и бришење на учебниците по историја е еден од условите кои Зоран Заев ги прифати, а беа предложени од Бугарија.

Наместо да ги бранат интересите на Република Македонија и нејзините граѓани, владата на СДС се залета да носи стратегија за згрижување на стотици илјади мигранти.

Макроекономските показатели покажуваат катастрофален пад надолу. Имаме минусни салда на индустриското производство, платите, извозот, градежништвото, БДП, девизните резерви. Дополнително неспособната влада на СДС се откажува од 60-тина странски инвестиции со потенцијални над 25 илјади работни места. Со СДС економијата и стандардот на граѓаните оди надолу.

СДС се прочитана приказна и мора да разберат дека празната реторика, лагите и манипулациите не им помагаат веќе, граѓаните на претстојните локални избори ќе го казнат СДС“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

ВМРО-ДПМНЕ: Коалицијата СДС, ДУИ, Таравари го доведе Гостивар до колапс, повикуваме да се расчисти зошто над 1000 граѓани пројавија симптоми на труење?

ВМРО-ДПМНЕ: Заради виктимизација СДС, Левица и ДУИ ја одбија досега невидената понуда и бланко лист од Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Владата инвестира 5,4 милиони евра во нови работни места

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски