Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала изутринава во 6 часот и 50 минути е почувствуван во Битола.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет информира дека епицентарот на земјотресот бил на 130 километри јужно од Скопје, во соседна Грција.