Покрај регионалната кошаркарска АБА лига, екипите од Балканот во новата сезона ќе се натпреваруваат и во Втората АБА лига. која ќе брои 12 учесници.
Во второто по квалитет кошаркарско натпреварување во регионот познати се 10 партиципиенти, меѓу нив е и екипата на АВ Охрид од Македонија. Покрај АВ Охрид учесници во Втора АБА лига се: Борац Чачак, Динамик, Босна Ројал, Крка, Ловќен 1947 Цетиње, Рогашка, Сплит, Теодо Тиват и Зрињски Мостар.
Уште двајца учесници ќе бидат познати по квалификациите, кои ќе се одржат во Лакташи од 27 до 29 септември. На турнирот ќе се натпреваруваат Сутјеска, Приморска, Вршац и еден квалификант од Босна и Херцеговина кој ќе биде познат на 17 септември.
На претквалификацискиот турнир во БиХ од 15 до 17 септември ќе играат: Слобода од Тузла, Младост Мркоњиќ Град и Широки Бријег.