Машката ракометна репрезентација на Македонија по неколкудневните подотовки во Пореч (Хрватска), попладнево во 18 часот ќе го одигра првиот од трите контролни натпревари пред Светското во Шпанија. Противник ни е селекцијата на Саудиска Арабија.
Од повиканите играчи на подготовките во Пореч, го нема еинствено голманот Борко Ристовски, поради настапи за својата екипа и тој на репрезентацијата треба да и се приклучи по новогодишните празници.
Ова ќе биде можност селекторот Ѕвонко Шундовски да ја провери формата и подготвеноста на играчите.
Денешниот противник на Македонија исто така ќе биде учесник на претстојното Светско првенство, а Македонија во Пореч ќе остане до 30 декември.