Невработеноста во Франција во ноември се зголеми за 0,9 проценти на месечно ниво, што е 19-ти месец по ред како бележи раст, соопшти Министертсвото за труд во Париз.
Во соопштението се наведува дека во ноември се регистрирани 29.300 нови невработени, така што, нивниот број изнесува 3,13 милиони.
Доколку се земат во предвид и вработените на половина работно време, бројот на невработени во Франција минатиот месец е зголемен за 30.400 лица. Тоа значи дека вкупниот број на лица без работа е зголемен за 0,7 отсто на 4,61 милион, се наведува во соопштението на Министерството.